Активист на ВМРО-ДПМНЕ попречувал прес-конференција пред сала „Расадник“, тврди СДСМ

На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела Арсовска, се појавил активист на ВМРО-ДПМНЕ кој не дозволувал да продолжи снимањето и дофрлувал до присутните, тврди СДСМ.

Оттука велат дека повикана била полицијата која изготвила службена белешка и го отстранила човекот од локацијата, по што снимањето продолжило.

СДСМ ја обвини Арсовска за пропаѓање на спортската сала, во време кога таа менаџирала со истата. Партијата обелодени документи дека во 2002, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, спортската сала „Расадник“ била дадена под закуп на 25 години на фирмата „Империјал Данела“, кога Данела имала само 22 години.

„Арсовска (тогаш Јовановска) се обврзала да го развива спортот во Општина Кисела Вода со користење на салата, но, наместо спортот, директорката Данела развивала семејни фирми – дел од нив со седиште токму на спортската сала „Расадник“ – објект изграден на државно земјиште од град Скопје преку самопридонес на скопјани“, тврди СДСМ.

Владејачката партија објави и видео од салата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.