(Видео) СДСМ: Mаксим Димитриевски e кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ

В недела на локалните избори во Куманово има само еден социјалдемократски кандидат, тоа е Оливер Илиевски, истакна на денешната прес-конференција Мартин Костовски, пратеник и претседател на кумановскиот огранок на СДСМ.

„Максим Димитриевски, кој лажно се претставува како социјадемократ, е инсталација, кукавичко јајце подметнато од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 30 години сонува да победи во Куманово.

И самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за првиот круг јавно кажа дека од партијата не добил никаква поддршка, дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржувале Максим Димитриевски.

За вториот круг Димитриевски доби и јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на која срдечно се заблагодари и истата ја потврди“, истакна претставникот на СДСМ.

Како што кажа Костовски, низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината, во училиштата и во јавните претпријатија, ако тој победи.

„Сите знаеме дека Куманово секогаш било на вистинската страна, дека секогаш пркосело на режимите и неправдите и така ќе биде и овој пат“, нагласи Костовски додавајќи дека глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.