Заев денеска ќе ја поднесе оставката во партијата, „Алтернатива“ одлучува дали ќе стане дел од владината коалиција

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе поднесе оставка од лидерската функција во партијата.

Несреќата на автопатот „Струма“ ги одложи првичните планови за средба на највисоките партиски тела, која требаше да се одржи во вторникот.

 

 

Според статутот на партијата, најдоцна 15 дена по утврдувањето на оставката, Извршниот комитет ја носи одлуката за распишување внатрепартиски избори.

Како што најави Заев, новиот претседател на СДСМ ќе биде и иден мандатар. Според неофицијални информации, еден од можните претенденти за оваа функција е Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии.

Денеска и раководството на партијата на Африм Гаши, Алтернативата, ќе се состане за да одлучи дали ќе го прифати предлогот на Заев за влез во владината коалиција.

Членовите на Централното претседателство треба да му дадат насока на Централното собрание, кое е највисок орган на партијата, а треба да донесе финална одлука дали Алтернатива ќе се приклучи кон Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок.

Со влез на „Алтернатива“ во Владата, мнозинството би броелo уште четворица пратеници, односно 65, наместо досегашните 61.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.