Ние од ВМРО-ДПМНЕ сме познати по работа, а СДСМ треба одвнатре да се коригира, вели Мицкоски

Промената на Зоран Заев од лидерската функција, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не значи дека ќе има промени во СДСМ.

Тој нема коментар околу тоа каква одлука ќе донесе Алтернатива и дали ќе биде во владината коалиција или ќе остане опозиција.

 

 

Според Мицкоски, ако истите луѓе менаџираат со СДСМ, во партијата нема да има промени.

„Вечерва очекувам да се состават органите на СДСМ и да одлучат како ќе функционира таа партија. Тоа е нивна работа, нема да се плеткам во нивната работа. На локалните избори 42 градоначалници и плус градоначалникот на Скопје, ја добивме довербата. Како ќе завршат нивните состаноци е нивна работа. Тие се одговорни за функционирањето на СДСМ. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме посветени на работа и само работа. Ние сме познати по работа, тие по нешто друго. Треба да се коригираат одвнатре за ‘тоа друго’. На Македонија и е потребно квалитетно СДСМ, а не лоповлук и СДСМ која е препознаена по неработа. Ако овие луѓе продолжат да менаџираат со СДСМ, не очекувам промени. Ќе најде пион за да го продолжи неговиот лик и дело. Таму треба суштински да се промени“, кажа Мицкоски.

Тој во однос на тоа дали Алтернатива ќе биде дел од Владата, кажа дека нема разговарано со лидерот на партијата, Африм Гаши.

„Алтернатива има две опции, едната да ја прифати понудата на Зоран Заев и да влезе во оваа Влада која ја оценуваме со најниски оцени, Влада која можеби е најлошата во овие 30 години независност или да продолжи да биде во опозиција. Тие се тие кои одлучуваат за нивната иднина. Немам информации што ќе донесат тие како заклучок, не сме зборувале со Гаши на таа тема. Да почекаме, да бидеме трпеливи“, рече Мицкоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.