(Видео)Ковачки: Заев си оди, заевизмот останува

Заев си оди, т.н. заевизам останува, СДСМ нема да избере лидер, туку заштитник на криминалот на Заеви и продолжување на заевизмот. Ова го изјави на прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, откако премиерот Зоран Заев ја поднесе оставката од партиската функција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, синоќшната оставка на Заев од претседавањето со СДСМ е театар, со кој зад завесите се избира маша и продолжена рака на Заев.

 

 

„На Заев му треба човек преку кој ќе продолжи т.н. заевизам и ќе ги штити бизнисите на семејството Заеви. СДСМ не избира, Заев избира. Тој веќе им одбрал кандидат кој што членовите на таа партија треба само да го изгласаат. Однапред се знае кој ќе биде наследник на Заев. На Заев му треба човек кој што ќе продолжи да го брише Вице од кривични пријави кога е жив фатен и пријавен во рекетирање на фирми. Му треба човек кој ќе продолжи да ги штити Драги Рашковски и Ден Дончев. Заев на чело на СДСМ ќе постави човек кој ќе молчи за нерасветлените провизии на Филипче. Заев ќе продолжи да ја контролира СДСМ и затоа само за неколку дена ќе избираат кандидати. Со наводното заминување не може да прикаже друга реалност. Народот е сиромашен“, порача Ковачки.

Како што рече, пет години неговите структури прават криминал и се виновни за неодговорноста и трагедиите со загубени човечки животи, за инфлацијата и намалениот стандард, за повисоките сметки за струја на фирмите, за кризата која им се заканува на граѓаните и воопшто за нефункционирањето на системот, затоа што целиот систем работел за мафијата, а не за народот.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека се потребни предвремени избори и нова влада за работите да почнат суштински да се менуваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.