Аријанит Хоџа за фотографијата со Муса Џафери: Кои се луѓето кои го следат секој мој потег?

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која тој седи заедно со поранешниот висок функционер на ДУИ, Муса Џафери.

Хоџа напиша дека средбата со Џафери се случила на јавно место без да се крие од никого и без никакво влијание во политичко дејствување. Праша кои се луѓето кои го следат секој негов потег и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на неговата приватност.

 

 

„Гледам дека почна да се споделува моја фотографија со Муса Џафери, од средба која се случила на јавно место без да се кријам од никого и без да имам никаков товар во моето политичко делување. Како активна личност во политиката остварувам стотици средби со луѓе кои сакаат да разговараат за актуелните политички прашања. Прашањето што се поставува е: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова е мониторинг со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на едно министерство во оставка на актуелната Влада“, напиша Хоџа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.