Aрсовски: Заев ќе потпише сè што Бугарија ќе му сервира

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, очекува големи отстапки од премиерот Зоран Заев  во преговорите со Бугарија.

„Кога Зоран Заев е подготвен да даде 3 министерства и скоро педесет директорски места од институции само за да ја задржи фотелјата и за да добие 3 пратеника за да продолжи и понатака да краде како што тоа го прави и до сега, јасно е дека ќе потпише се што Бугарија ќе му сервира.

 

 

Ова ќе биде круната на неговите порази на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ од сега кажува дека да почитува било штетен каков кон Република Македонија“, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за спорот.

Прашан и дали ќе продолжи соработката помеѓу Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, Арсовски рече оти очекува советниците на партијата Алтернатива да продолжат да ги поддржуваат сите проекти кои што ќе ги реализира ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се значајни за граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.