Министерство за здравство со предлог-програма за задолжителна имунизација во 2022

На денешната владина седница,а на предлог на Министерството за здравство,пред министрите ќе се најде предлог – програмата за задолжителна имунизација на населението за 2022 година.

„Се работи за програмата за редовна имунизација на населението“, велат од Министерството за здравство.

 

 

Во тек е и состанок на Комисијата за заразни болести која, според најавите ќе расправа за намалување на деновите за изолација и евентуални нови мерки поради ширењето на сојот омикрон од коронавирусот.

За новите предлози Владата ќе одлучува на денешната седница.

Освен предлог - програмата на Министерството за здравство, на дневен ред на седницата на Влада ќе се најдат и предлог – програми за изградба и реконструкција на основни и средни училишта за 2022 година, а министрите ќе ја разгледуваат и информацијата за преземени активности во однос на обврските од иницијативата Отворен Балкан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.