(Видео) Во Прилеп за првпат одбележан празникот Василица - беа поделени бурек и чаша варено вино

Денес на платото кај градскиот саат со почеток во 11:00 чaсот за прв пат се одржа настанот „На Василица во Прилеп“. Со парче бурек и чаша варено вино и чај кои што беа поделени на сите присутни гости, денес ден пред празникот Св. Василиј Велики или народски кажано Василица, а воедно и доаѓањето на Новата година според јулијанскиот календар се одбележа настанот кој што предизвика голем интерес кај Прилепчани.

Како што кажа градоначалникот Борче Јовчески целта на настанот е да се испочитува вековната традицијата за празникот Василица, која што според обичаите во Прилеп се празнува во кругот на семејството со ставање на паричка во пита или лебче, а денес овој голем празник беше изнесен за сите граѓани во центарот на градот каде што заедно во согласност со здравствените протоколи беа поделени 400 парчиња бурек, околу 100 литри варено вино и 300 чаши чај, во една пријатна атмосфера каде што имаше присуство на голем број граѓани, претставници од локалната самоуправа, јавните претпријатија, советот на Општина Прилеп и други компании.

 

„ Денеска тука од центарот на Прилеп со еден ваков настан кој што го крстивме „На Василица во Прилеп“ сакаме да го одбележиме празникот и да воспоставиме една традиција која што ќе ја поддржуваме и надоградуваме во текот на наредните години со цел да прерасни во еден поголем настан единствен од ваков тип во Македонија, со поголема масовност и организација, кој што ќе претставува уште еден препознатлив знак на градот Прилеп, со надеж дека веќе од наредната година ќе го прославиме без рестриктивни мерки кој што во овој момент не ограничуваат но морам да напоменам дека денес истите се комплетно запазени во однос на заштита на граѓаните.

Сакам да им се заблагодарам на општествено одговорните компании од нашиот град: пекари, винарии и ресторани кој што дадоа свој придонес за реализација на овој настан. Имаме повеќе од 400 парчина бурек и 100 литри греано вино со кој што се почестени сите граѓани и гости кои што во овој период го посетуваат овај штанд, а за најсреќниот граѓанин кој што ја најде паричката(или ќе ја најде паричката-доколку уште не е пронајдена), имаме еден скромен и симболичен поклон златен крст, кој што јас како градоначалник во името на локалната самоуправа на Општина Прилеп сакаме да му го поклониме и да посакаме здравје, среќа, бериќет него и на неговото семејство.

И на сите наши сограѓани да им посакам најпрвин многу здравје, среќа и успех во оваа нова година и со една порака од денешниов настан, да бидиме горди преносители на нашата македонска традиција, на нашите православни празници, и да се трудиме да ги продолжуваме и негуваме нашите обичаи кои што претставуваат корени на нашето постоење и со кои што и тоа како се истакнуваме и ја промовираме нашата култура не само тука на балканот туку и во Европа и светот.

Ви благодарам на вашето присуство и нека е за многу години да сме здрави и живи.“ рече градоначалникот Јовчески.

Поради тоа што „златната паричка“ не беше најдена во текот на настанот, имајќи предвид дека дел од присутните си ги однеле дома спакуваните бурекчиња, Јовчески апелираше среќниот пронаоѓач да дојде во просториите на Општина Прилеп со цел да си го подигне подарокот, златен крст.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.