Шахпаска: Со посветена, одговорна и чесна работа постигнавме многу

„Министерството за труд и социјална политика е ресор со многубројни предизвици, кои пандемијата на Ковид-19 ги направи уште поголеми.

И токму затоа мојата одговорност беше уште поголема да се одговори на предизвиците и на вистинскиот начин и навреме да се адресираат потребите на граѓаните“, оцени министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето обраќање преку социјалните мрежи, во кое сублимира дел од проектите на кои таа се посвети во својот мандат.

 

 

„Во целиот период на пандемија, преку доследно почитување на Протоколите, обезбедивме безбедно згрижување на дечињата од предучилишна возраст во градинките. За 16 месеци изградивме и отворивме 16 нови градинки, а дополнителни осум се завршени и до почетокот на пролетта ќе бидат ставени во функција. За полесно премостување на пандемијата со Ковид-19, спуштајќи ги критериуми го олеснивме влезот на ранливите категории граѓани во системот на социјалната заштита, со што нови 9.000 домаќинства користат гарантирана минимална помош“, информираше таа.

Министерката Шахпаска нагласи дека, со цел полесно да се преброди здравствената и економската криза, обезбеден е додаток за енергенси за 36.000 приматели на гарантирана минимална помош и за 9.300 корисници на државна социјална пензија во текот на целата година во висина од 1.000 денари месечно.

„Како социјалдемократ - битката за работничките права ми беше еден од врвните приоритети. Затоа, усвојувањето на Законот, кој предвидува дека НЕДЕЛА Е ДЕН ЗА НЕДЕЛЕН ОДМОР за над 92 процента од работниците, на кој интензивно работев со работниците и работодавачите, ме прави особено горда.

Искрено верувам во концептот „Едно општество за сите“ и затоа Законот за спречување и заштита од дискриминацијата го поднесов во процедура на петтиот ден од мојот мандат и беше консензуално изгласан и од власта и од опозицијата. Борбата за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство е моја мисија во политиката.

Во своето обраќање пред крајот на мандатот, таа се осврна и на процесот на децентрализација на социјалните услуги - помош и нега во домот за стари лица и лица со попреченост, со што 900 корисници добиваат нега на дневно ниво од страна на 300 лиценцирани негуватели, кои добиваат паричен надомест за испорачаните услуги.

„Ние сме социјална држава и грижата за граѓаните во социјален ризик - маргинализираните лица, лицата со попреченост, тешко вработливите - преку социјалното претприемаштво добива организирана форма. Го отворивме првиот центар за поддршка на социјалните претпријатија. Со последниот Закон за стечајци обезбедивме материјална сигурност за дополнителни 1.100 стечајци, а го донесовме и Законот за пензионирање со 64 години возраст за да овозможиме вклучување млади на пазарот на трудот“, потсети Шахпаска.

Во однос на проектите што се во тек, таа информираше дека во финална фаза е подготовката на новото мени за правилен и здрав начин на исхрана на децата во градинките, кое е изработено во согласност со современите стандарди за правилен начин на исхрана на децата од предучилишна возраст.

Подготвена е и нацрт-верзија на системскиот Закон за работните односи, кој предвидува нов пристап во делот на породилното отсуство, со воведување родителско отсуство на таткото, ги скратува договорите за работа на определено време, ја регулира работата од далечина и од дома.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.