(Видео)Трипуновски: Власта е неодговорна и виновна за избувнување на свинската чума

„Власта е неодговорна и на ризик го стави целиот фонд на свињи во Република Македонија", истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата апелираат за ризикот од ширењето на африканска свинска чума веќе три години, но владата во изминатиот период не презема ништо и сега имаме ситуација на ширење на заразата во Република Македонија.

 

 

Активно ја следиме ситуацијата со појавата на африканската чума кај свињите во с. Драмче, општина Делчево.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија се на висината на задачата во справување со оваа подмолна и мошне опасна заразна болест кај свињите која може да ја уништи најсветлата точка во македонското сточарство – свињарството?

АХВ и Владата не ја сфатија важноста на имплементирањето на превентивните мерки во спречување на појавата на болеста за кои укажавме уште 2019 година со носењето предлог сет мерки?

ВМРО-ДПМНЕ апелира власта сериозно да пристапи кон проблемот и да ги преземе сите мерки кои ги предлагаме, а сè со цел заштита на свињарството.

Една од најважните мерки од предложените сет мерки од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше забрана за чување свињи на отворено и пристапот до комуналните депонии да биде ограничен.

За жал, Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на РМ целосно потфрлија и со својата паушалност загрозуваат стотици милиони евра инвестирани во свињарскиот сектор, односно, загрозуваат повеќе од 145.000 свињи во 4.100 одгледувалишта ширум Република Македонија, истакна Трипуновски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.