(Видео) Митева: Хибридниот режим на СДСМ ја држи Македонија во групата на најкорумпирани држави во Европа

„Хибридниот режим на СДСМ ја држи Македонија во групата на најкорумпирани држави во Европа. Според сумираната оценка Македонија има пад од 87. на 95. место.

Ако минатогодишното рангирање мислевме дека е историски најлошото со скор од 35 поени, Транспаренси интернешнал потврди, Македонија и годинава нема отскокнување, за жал останува во групата најкорумпирани држави во Европа", изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Таа додаде дека застрашувачки е фактот дека Македонија е во црвената зона со висока корупција и патем го дели 87.  место со уште осум земји како Косово, Етиопија, Колумбија, Мороко, Танзанија и Виетнам.

За оваа состојба во која се наоѓа Македонија, за хибридниот режим кој ја уништи правдата преку инсталирање корупција во секоја сфера од општеството одговорноста лежи во СДСМ. Оваа влада на СДСМ го развива криминалот наместо да се бори против тоа веќе години наназад.

Митева наведе дека во извештајот се посочува дека концентрацијата на моќ е во рацете на автократските лидери и нивните партии кои ја поткопуваат судската независност, што помага да се одржи заробувањето на државата.

А за иронијата да биде поголема, ова рангирање се случува за период додека во владата на СДСМ имаше именуван вицепремиер задолжен за борба против корупцијата.

„Борбата против корупцијата мора да се забрза, владеењето на правото мора да се почитува ако сакаме да запреме со уништувањето на демократија", изјави Митева.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.