(Видео) Арсовски: Адвокатско друштво на пратеничка од СДСМ зело 55.000 евра од државни институции

Општо позната тајна е дека СДСМ брзаше да дојде на власт за да ги смести своите фирми да работат за државните институции и на тој начин да заработува пари, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што нагласи тој, класичен пример за тоа е и адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ, кое преку 5 државни институции по основ на месечни или повремени паушали во периодот од јуни 2017 до декември 2021 година инкасирало околу 55.000 евра.

 

„Адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ е во сопственост на адвокатите Снежана Калеска-Ванчева и одредена адвокатка Виолета Василева. Снежана Калеска-Ванчева е пратеничка од редовите на СДСМ, инаку претседателка на форумот на жени во СДСМ. Исто така како пратеничка голем таканаречен борец за правна држава којашто гледаме дека не функционира. Министерство за образование и наука, Националната агенција за европски образовни програми, Агенцијата за енергетика, Државниот студентски центар и Агенцијата за странски инвестиции, се институциите на чии сметки е закачено адвокатското друштво ДЕ ЛЕГЕ“, посочи Арсовски.

Според него, симптоматично е како е можно баш ова адвокатско друштво за 3 и пол години да земе 55.000 евра од државни институции.

„Калеска во Собрание објаснува за правните норми и правна држава, а позадински нејзиното адвокатско друштво што го основала претходно, пред да стане пратеничка, зело 55.000 евра од државни институции по основ на паушали“, кажа партискиот портпарол обвинувајќи дека СДСМ има вакви безброј канали за, како што вели, испумпување на парите на граѓаните по кој било основ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.