СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ e партијата симбол за заробена држава и криминал

СДСМ со реакција на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека напредокот на Северна Македонија од 24 места на Индексот на корупција на „Транспаренси интернешнал“ ја демантира ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Во Извештајот на Транспаренси, нотиран е напредок во борбата против корупција, позитивно е оценето усвојувањето на агенда и акционен план против корупцијата, реформите во изборите и правосудниот систем, како и справување со непотизмот, влијанието во практиките за вработување на јавни места.

Во 2021 Северна Македонија е рангирана на 87. место, што е најдобро рангирање во последните шест години. Зад нас во регионот се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.

Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ има проблем со извештајот затоа што напредокот меѓу другото се должи и на неселективното владеење на правото, покренатите случаи и пресуди против функционери од претходната, но и од актуелната власт, што за опозициската партија е неприфатливо.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија како власт создаде заробена држава, а како опозиција цврсто стои на браникот на криминалот, стои во реакцијата на СДСМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.