(Видео) УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Колку мекици се потребни за да се купат плацеви и луксузни возила?

Во центарот на Скопје Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска спроведе акција во која им делеше мекици на случајни минувачи.

„Со оваа наша акција сакаме да помогнеме на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија. Сега кога повеќе не е на функција генерален секретар и кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени“, велат од УМС како реакција на вчерашната изјава на Драги Рашковски кој по судското рочиште кажа дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца по повод родендени, крштевки, мекици и сл.

 

Од Унијата на млади сили на опозициската партијата прашуваат колку такви прослави се потребни за да се купат плацеви во Струмица од илјадници квадратни метри, возило олдтајмер марка „доџ“, луксузен џип, три мотоцикли...

„Ова се само мал дел од работите кои наводно Рашковски ги стекнал од родендени, крштевки и мекици“, додаваат од таму и го осудуваат секое, како што велат, криминално работење, стекнување без основ и богатење од парите на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.