Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје во која загина пешак.

„Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка 'бе-ем-ве' со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот“, соопштија од обвинителството.

 

 

По наредба на обвинителот ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства.

Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видеонадзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата.

Издадена е и наредба за технички преглед на автомобилот.​





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.