Последни подготовки за заедничката литургија на архиепископот Стефан и патријархот Порфириј во Скопје

Со уредување на просторот кај Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ се вршат последните подготовки пред утрешната заедничка литургија на архиепископот Стефан и патријархот Порфириј, по повод 24 мај, денот на сесловенските просветлители Кирил и Методиј.

Во рамките на овие активности, на околните сообраќајници и крстосници, како и на тротоарите во близина на Соборниот храм извршена е санација на оштетувањата на коловозите, обновена е хоризонталната сообраќајна сигнализација со ноќно бележење, поставени се нови заштитни столчиња, а санирани се и оштетените столпчиња, информираа од Град Скопје.

По литургијата што минатата недела се одржа во Белград, поглаварот на СПЦ Порфириј попладнево со делегација од осум владици пристигнува во Скопје.

Со тоа, се надмина 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.