231 санкциониран возач на мотоцикли, 4 мотоцикли се одземени

Во текот на вчерашниот дел во периодот од 10 до 15 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 231 возач.

Од нив, 168 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, 49 возачи се исклучени од сообраќај, четири мотоцикли се одземени, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.