СДСМ: Воопшто не се разговара за реконструкција на Владата, единствено ќе се пополни позицијата на Горан Милевски

Ниту партиското раководство, ниту највисоките партиски органи, досега воопшто не разговарале за реконструкција на Владата, велат од СДСМ демантирајќи ги написите во медиумите за наводна реконструкција на Владата.

„Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде на местото на Горан Милевски, кој се повлече од функцијата. Наводите дека ќе се менуваат министри од редовите на СДСМ се свесни манипулации кои доаѓаат од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да ја дефокусира јавноста од своите внатрепартиски проблеми, како и мега скандалот со тендерот од 136 милиони евра во Град Скопје“, посочуваат од оваа партија.

Владата предводена од СДСМ, додаваат од таму, останува фокусирана на менаџирање со економската и енергетската криза, како и креирање нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.