(Видео) Митева: Власта на чело со Ковачевски дала согласност за тарифникот на Катастар за поскапи услуги

Според портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, власта на СДСМ е надвор од реалноста и од страдањата на овој народ кој едвај врзува крај со крај. Со тарифникот на Агенцијата за катастар на недвижности власта, вели таа, се обидува да ја спаси институцијата од банкрот.

„Сите информации со кои располагаме говорат дека поради недомаќинското работење на Катастарот истиот е доведен до состојба да не се знае дали ќе може да обезбедат плати за вработените. Со ваквиот тарифник сосема е јасно дека во голема мера се доведува во прашање рентабилноста и опстојувањето на Агенцијата за катастар на недвижности. Дали власта со ова енормно поскапување на услугите сака да го спаси Катастар од банкрот? Дали ова ќе биде уште една институција во низа која ја претворија во загубар?“, прашува таа.

 

 

Додава дека СДСМ преку соопштенија се обидува да ја сокрие реалноста нарекувајќи ги фалични калкулациите и понижувајќи ги граѓаните.

„Единствено фалична и манипулативна е реакцијата на СДСМ, а вистината е дека изминативе 5 години потрошија 50 милиони евра од Буџетот на катастарот и уште 10 милиони евра донации, а нема никакви реформи, напротив само нефункционалност на системот и поскапувања кои со СДСМ на власт станаа секојдневие.

Имено, ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари, или ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари, или
ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари“, појаснува таа.

Токму власта на чело со Ковачевски, според неа, дала согласност на седница на Влада за одобрување на овој Тарифник со кој се предвидува енормно поскапување на услугите. Оваа влада и Ковачевски, како што вели, очигледно имаат проблем со реалноста. Македонија, смета Митева, е пред економски и социјален колапс поради лошите политики на нивната влада.

„СДСМ нема пари кои се наменети за народот, СДСМ зема пари од народот“, истакна Митева.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.