Починато бебе донесено на Клиничката болница во Битола

Вчера наутро, поточно во 8:40 часот во СВР Битола, од Одделението за педијатрија при Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив било донесено починато неколкумесечно бебе.

Бил извршен службен разговор со дежурниот лекар кој изјавил дека бебето имало повеќе здравствени проблеми.

Во службен разговор, родителите Н.Г. и Ј.Г. изјавиле дека во 7:00 часот бебето било без знаци на живот, по што го донеле во болница.

По наредба на Јавен обвинител над телото на бебето ќе се врши обдукција, соопштија надлежните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.