Наутро студено, преку денот облачно со сончеви периоди

Денеска наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, се очекува в среда и в четврток. Локално, врнежите ќе имаат пообилен карактер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.