Србија ќе ги забрани пластични кеси

Србија ќе ги забрани пластични кеси

Србија ќе забрани употреба на тенки пластични кеси и ќе воведе задолжителна наплата за биоразградливите, најавија од српското Министерство за животна средина.


Српска „Политика“објави дека од министерството рекле дека иако Србија не е членка на ЕУ, ќе ги примени неодамна донесените Директиви за пластика, како што тоа го направи неодамна и Црна Гора.


Според таа Директива која е донесена во февруари оваа година, се ограничува максималната годишна потрошувачка на кеси на 90 по лице до крајот на 2019 година.
Оваа обврска засега ја имаат само државите членки на ЕУ, но според српското министерство Србија ќе ги примени овие насоки затоа што смета дека во ЕУ се смета дека проблемот може да се реши со наплата.


„Во постојана комуникација сме со големите трговски синџири, како и со невладиниот сектор, за да влијаеме на развојот на еколошката свест кај граѓаните во врска со ова прашање“, велат од министерството за заштита на животна средина.


Според неофицијални проценки на трговскиот сектор, во Србија годишно се трошат 20 милиони евра за набавка на пластични кеси, а граѓаните во денот трошат во просек по седум кеси.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.