Се поголем бројот на вработени со скратен годишен одмор

Град Скопје

Поголем дел од граѓаните на Скопје се информирани за правата околу годишниот одмор, но голем дел од фирмите не ги почитуваат правата на работникот. За жал некои граѓани наместо 20 добиваат само 7 дена годишен одмор. Ова главно се случува во малите претпријатија и се почесто станува пракса, да не се гледа што пишува на хартија, туку што се случува на терен.

 

Според Законот за работни односи граѓаните имате право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена, со можност да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година. Голем е бројот на граѓани во Скопје па и во другите градови од државата кои не користат годишен одмор колку што им следува, според Законот. Ова е доказ дека работничките права се повеќе се кратат, бидејќи се почесто станува пракса да не се гледа што пишува на хартија, туку што се случува на терен. Многу е важно граѓаните да знаат кои денови се пресметуват во годишен одмор. Овде не се пресметуваат празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа. Овие обврски ги предвидува Законот, но колку тоа се применува во пракса. 1Скопска излезе на терен и ги праша граѓаните на Скопје дали се запознати со своите законски права околу годишниот одмор и дали работодавачите го почитуваат Законот и работникот. Како што велат граѓаните информирани се колку денови имаат право на одмор но не секој работодавец го почитува тоа.


Непријавените работници односно ,,хонорарците,, и други нетипични видови на вработувања не се предвидени во Законот за работни односи, но морална обврска на менаџментот кој ги користи услугите на оваа најзагрозена група работници е да им овозможи еднаков третман во однос на користењето на одморите со другите вработени.


Секое користење на годишен одмор треба во секоја фирма да е според однапред утврден план за одмори и секако писмено да добиете документ за користење на годишниот одмор. Доколку според работните обврски мора да работите за празник работодавецот е должен да ви исплати празнична дневница. Доколку во календарска година работникот не бил во можност да го искористи одморот за таа година поради: боледување или повреда, породилно отсуство или нега и чување на дете, може неискористениот одмор целосно да го искористи во наредната година, но само до 30 јуни.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.