Се одложува примената на позивниот број за Косово

Косово

Примената на посебниот позивен број за Косово +383 се одложува до 31 октомври, одлучи косовското Регулаторно тело за електронски и поштенски комуникации (РАЕПК).


Претходно беше предвидено примената на бројот на почне од 30 јуни.


Претседателот на Одборот на РАЕПК Крешник Гази за Радио Слободна Европа на албански јазик изјави дека одлуката за одложување е донесена согласно барањата на операторите на мобилна и фиксна телефонија кои работат на косовскиот пазар „Ваља“ и „Ипко“.


Тој посочи дека операторите кои не ја завршиле имплементацијата на кодот +383 во мрежите на фиксната телефонија должни се во рок од 30 дена да го завршат тој процес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.