150 учесници во ,,Мапа на културата,, на Еуролинк го запознаа Галичник

,,Мапа на културата,,

Како дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност ,,Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности,,, компанијата Еуролик организираше бесплатна еднодневна екскурзија во која 150 учесници го посетија Галичник, како дел од туристичката прошетка ,,Мапа на културата,,.

 

150 учесници, како дел од туристичката прошетка насловена ,,Мапа на културата,, организирана од Еуролинк осигурување го посетија Галичник. Планинското село што лежи на надморска височина од 1150 до 1450 метри ги фасцинира посетителите со својата автентична македонска архитектура, со богатото културно наследство и со восхитувачките пејзажи. Посетителите на бесплатната еднодневна екскурзија уживаа во убавината на мијачкиот регион и во уникатноста на селото Галичник, по специфичните архитектонски обележја на тамошните куќи расфрлени по стрмниот терен на селото. Ја посетија црквата што се наоѓа во срцето на селскиот атар ,,Св. Петар и Павле,,, каде што секоја година на Петровден се одржува надалеку прочуената Галичка свадба, како и малиот селски музеј ,,Вила Доста,,, каде што се изложени делата на големиот македонски преродбеник Ѓорѓија Пулевски.


Денеска Галичник е само туристичка дестинација, живеат само двајца жители бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено. Компанијата повторно ги потврди своите заложби за негување на вистинските вредности и им овозможи на пријавените учесници да се запознаат со убавините на нашата татковина. Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност ,,Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности,,.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.