Заедно во уште една балетска приказна – Еуролинк бесплатна балетска школа

Еуролинк бесплатна балетска школа

Традиционално, петта година по ред, Еуролинк осигурување создава успешна балетска приказна за деца на возраст од 7 до 12 години. 50 момчиња и девојчиња и оваа година ќе имаат можност да ги изучуваат основните техники во класичниот балет, притоа развивајќи ги координацијата на движењето, слухот, чувството за ритам, елеганцијата во движењето.

 

Родителите може да ги пријават своите деца од 7 до 14 јуни 2018 г. на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со испраќање на: фотографија на детето, возраст, тежина, висина, број на балетанки, информација за претходно балетско искуство и контакт-телефон од родителот.


Летната балетска школа ќе трае три недели, учесниците ќе бидат поделени во две групи според возраста и претходното искуство, започнувајќи од 25 јуни до 16 јули 2018 г., секој понеделник, среда и петок со почеток од 18:00 и 19:00 часот, во просториите на „Булфрог Балетско училиште“под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец во Македонската опера и балет.


На сите учесници ќе им биде обезбедена бесплатна балетска униформа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.