All for Joomla All for Webmasters

Почна судскиот процес за вооружената пресметка од 5 април во близина на седиштето на ДУИ во Тетово

По неколку одложувања денеска во Основниот суд во Тетово се одржа првото рочиште за вооружената пресметка на две групи кумановци што на 5 април годинава се случи во Мала Речица. Притоа, животот го загуби Наим Реџепи, а уште две лица беа повредени.

Одлучено е случајот да се одвои на два судски процеси откако четворица од вкупно тринаесетте обвинети го признаа делото - учество во тепачка.

Нивниот адвокат Сејфула Османи очекува дека тие ќе добијат поблага казна со самото признавање на вината.

- Сабит Реџепи, Ридван Дервиши, Халил Камбери и Љуљзим Бита ја признаа вината за учество во тепачка, иако немаше докази дека учествувале во физичката пресметка. Тие според мене само се нашле во погрешно време на погрешно место. Затоа за да ги скратиме маките на овие четворица обвинети беше решено нивниот случај да се одвои во посебна постапка за која се очекува дека ќе има пресуда уште утре, а јас очекувам минимална санкција, изјави Османи.

Освен четворицата обвинети за учество во тепачка, Османи ги застапува и Агрон Дервиши и Беким Реџепи кои се обвинети за убиство во обид и недозволиво носење оружје и распрскувачки материјали.

Овие шест лица беа осомничени дека се дел од таканаречена кумановска група на Реџепи кои со огнено оружје се пресметуваа во Мала Речица со другата кумановска група на Мисими кои исто така се обвинети за повеќе кривични дела. Пред инцидентот меѓу двете групи постоела вербална расправија во седиштето на ДУИ што надвор преминала во вооружена престрелка.

Адвокатот на обвинетите од групата на Мисими, Еленко Миланов смета дека за време на процесот ќе докаже оти неговите клиенти се жртви во целиот случај. - Суштината што треба да се докаже е кој го предизвикал самиот настан и на кој начин, изјави Миланов.

Следното рочиште е закажано на 11 јуни и на него, според најавите, ќе продолжи доказната постапка со вештачења и искази на вештаците. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.