Компјутер предвидува дека се ближи крај на човековата цивилизација

Компјутерска програма развиена на Масачусетскиот институт за технологија (МИТ) предвидува кога и како ќе дојде крај на човековата цивилизација. Според ова предвидување, крајот е многу близу.

 

Во 1973 година, МИТ ја разви компјутерската програма "World One" како модел кој ја покажува и предвидува глобалната одржливост.  Наместо тоа, тој предвиде дека до 2040 година нашата цивилизација ќе заврши.

 

Додека многумина во историјата направија апокалиптични предвидувања, кои досега не се остварија, она што го предвиде компјутерот во 1970-тите во голема мера се оствари.  Дали машината е во право?

 

- Околу 2020 година, условите на планетата стануваат критични. Ако не направиме ништо во врска со тоа, квалитетот на животот ќе падне на нула. Загадувањето е такво што почнува да убива, популацијата паѓа на ниво под она од 1900 година.  Во оваа фаза, околу 2040 до 2050 година, цивилизираниот живот каков што го знаеме на оваа планета ќе престане да постои – пишува "Big Think".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.