Бугарин измамен во Кривогаштани, платил 500.000 денари за пиперки, но не ги добил

Бугарскиот државјанин П.К.(43) од Софија е оштетен за 483.640 денари откако дошол во селото Обршани, општина Кривогаштани, да купи пипер. Количините што ги таксал ги исплатил, почекал да се товарат во камион и заминал.

 

Но, сфатил дека е измамен откако камионот не пристигнал на договореното место.  

 

Како што соопшти МВР, П.К. го пријавил случајот вчера во Полициската станица Прилеп.

 

Истиот ден во Полициското одделение Кривогаштани е повикан Н.Х. (46) од село Обршани и од него одземена е документација од правното лице што го застапува.

 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.