ХОРОР ВО БЕЛГАД: Се скарал со девојка му и скокнал од 13-ти кат

Триесет и три годишен дечко се скарал со поранешната девојка и скокнал од 13-ти кат на студентскиот дом „Карабурма“ во Белград, пренесува РТС.

 

Во брзата помош соопштиле дека момчето починало на лице место.

 

Според неофицијални информации, дечкото се качило во собата на неговата поранешна девојка, каде настанала караница меѓу нив.

 

Тој бил вооружен со пиштол, а меѓу нив дошло до туркање, пиштолот најверојатно пукнал еднаш, по што дечкото скокнал преку прозорот, неофицијално дознава РТС.

 

Како што пренесува РТС, во тек е истрага за причините за инцидентот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.