За три години само 39 казни за некористење детско седиште во автомобил

Важноста од употреба на детски седишта и постојаната едукација на родителите по прашањето за безбедност на децата во сообраќајот е постојано актуелна тема.

 

Имајќи ја предвид поразителната статистика кога е во прашање безбедноста на децата-патници во сообраќајот, може да се заклучи дека користењето на детските седишта се наметнува како нужна потреба.  Користењето на детските седишта, од една страна, е задолжителна законска обврска за деца до 5 години, но истовремено претставува и морална одговорност на секој родител.  Секој родител мора да биде свесен и одговорен кога е во прашање животот и безбедноста на децата, односно, користењето на детските седишта е одраз на родителската одговорност.  

 

Оправдувања и изговори не смеат да постојатите. Цената што ја плаќа детето со својот живот поради тоа што родителите, немаат време, не сакаат или не се доволно информирани за користење детско седиште е огромна, односно не смеат да постојат изговори и оправдувања како што се одиме само до продавница, градинка или парк! Најголемиот број од сообраќајните незгоди, во кои страдаат децата, се случуваат кога патувате на кратко растојание во населено место. При судар во движење, низ силата која следи, детето или бебето добива таква маса што е невозможно да се задржи во раце. На пример: бебе од 5 кг, при судир во возење, со брзина од 50км на час, колку што е дозволено низ град, ќе има маса од 100кг, што значи дека при судирот треба да се обидете  да задржите 100кг во прегратка.

 

Неколку родители кои ги прашавме дали користат детско седиште во автомобилот одговорија потврдно.

 

 

По прашањето пак за правилна употреба на детските седиштата, и тука ситуацијата е загрижувачка! Речиси 90 проценти од родителите кои ги користат истите, прават ненамерни грешки поради недоволно знаење и искуство, како на пример несоодветно фиксирање на детското седиште и врзување на детето во него.

 

Што се однесува до седнување на децата на предно седиште, веќе е добро познато дека деца помлади  од 12 години не смеат да се превезуваат на предното седиште, освен, во случај кога се превезува дете помало од 2 години во детско седиште во кое детето се врти обратно од насоката на возење и под услов да се исклучени воздушните перничиња.

 

35 евра и 15 негативни поени е казната ако родителите не ги возат децата во детско седиште во автомобил. Во Македонија оваа обврска е задолжителна од 2015 година, и за речиси 3 години се изречени само 39 глоби за овој прекршок. Родителите во земјава бавно ја прифаќаат практиката да ги врзуваат децата додека ги возат.

 

Безбедноста на децата во сообраќајот, не е право на избор, туку ваша обврска, затоа користете детско седиште и возете ги безбедно вашите најмили до посакуваната дестинација.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.