Неверојатни факти за Антарктикот

Европската вселенска агенција на Антарктикот спроведува истражувања.

 

Таму живеат речиси 60 луѓе во изолација, на екстремно ниски температури и со недостаток од светлина и кислород. Секој од нив поминал најмалку 9 месеци обука за да работи тука. Станицата е составена од две цилиндрични згради. Првата е наречена „тивка“ и овде се наоѓаат лабораториите, просториите за дневен престој и болниците. Втората зграда е наречена „гласна“ и има теретана, складиште, трпезарија, кино и соба за снимање.

 

На Антарктикот дури и во текот на летото, температурата никогаш не е повисока од -28 степени Целзиусови. Обичните бактерии не можат да преживеат овде, а кога луѓето излегуваат надвор облекуваат неколку слоеви облека. Целата облека тежи колку еден скафандер. Исто така овде е толку чисто, што не мириса на ништо. Луѓето што живеат овде имаат кажувано за шокот од мириси што го доживуваат кога ќе се вратат внатре во станицата.

 

На Антарктикот нема ноќи и денови на коишто сме навикнати. Во текот на зимата сонцето не изгрева и луѓето минуваат 4 месеци во целосна темница. Во текот на летото сонцето не заоѓа, и на луѓето им е навистина тешко да се прилагодат. 

 

Антарктикот е пооддалечен од цивилизација и од Интернационалната вселенска станица и воопшто не е лесно да се стигне овде. Потребните продукти се носат со караван од санки и за ова се потребни 10 до 12 дена. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.