Вонземјаните се уште не сакаат да остварат контакт со нас - Ова се причините! (фото)

Зошто се уште не се случила средба меѓу вонземјаните и луѓето?

 

Во една научна статија се вели дека поради климатските промени и глобалното затоплување се главните причини зошто тоа не се случило до сега.

 

Климатските промени стануваат значаен вселенски фактор, особено во однос на веројатноста за опстанок на цивилизацијата кој ќе ни помогне да спознаеме како ние на Земјата да се справиме со тие промени.

 

Пред повеќе од половина век американскиот астроном Франк Дрејк пронашол алгоритам за проценка на бројот на цивилизации во нашата галаксија, со коишто е можен контакт.

 

Физичарот Енрико Ферми пак, неприфаќајќи ја тезата дека не сме сами во Вселената, го постави својот „парадокс на Ферми“, кој вели: ако вонземските цивилизации се толку многу, зошто човештвото не гледа никакви траги од нив?

 

Една од најпознатите теории како одговор на ова прашање, е „уникатна планета“, којашто вели дека за појавувањето на интелигентни суштества од други светови, мора да има посебни, „уникатни услови“.

 

Други пак, сметаат дека не можеме да се поврземе со вонземните цивилизации поради тоа што тие или исчезнуваат многу брзо за да ги забележиме, или пак, активно го кријат фактот дека ги има, се кријат од самите нас.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.