Колку кафе ни е доволно за да останеме будни?

Кофеинот не секогаш го има ефектот на будност кај човекот, па така, понекогаш може да испиеме и неколку шолји една по друга.

 

Меѓутоа, новата формула за којашто научници тврдат дека може да ја одреди правата доза кофеин, многу е веројатно дека ќе помогне.

 

Жак Рајфман, директор на американскиот воен Институт за биотехнологија, во списанието „Џурнал оф Слип Рисрч“ објави и своја статија за новиот алгоритмот со кој се пресметува вистинската доза кофеин и вистинското време за кафе.

 

„Овој алгоритам го подобрува ефектот на будност за 64 отсто, а притоа се внесува истата количина кофеин… Но и доколку го намалиме вносот на кофеин до 65 отсто, ефектот повторно ќе биде ист, во најголем број случаи“, истакнува Рајфман.

 

Формулата е сложена, и на некој начин, варира од случај до случај. Но, генералниот заклучок е дека се потребни само две така намалени дози во времето кога сме будни. Едната – скоро веднаш по станувањето од кревет, а другата – неколку часа подоцна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.