Веста за бременоста на Меган Маркл ја налути принцезата Јуџин

2018 година ќе остане запаметена како важна година во историјата на кралското семејство.

 

Бракот на принцот Хари и Меган Маркл не ја заинтересира само британската јавност, туку и милијарди луѓе низ целиот свет.

 

Интересот за кралството се намали уште од шокантната смрт на саканата мајка на Хари, принцезата Дијана, но доаѓањето на Кејт Мидлтон во кралското семејство го промени овој тренд и создаде нов простор каде што некој како Маркл би можел да блесне.

 

Многумина сѐ уште повеќе ја сакаат Мидлтон отколку Маркл, но сега веќе поранешната актерка додаде допир на холивудски талент во семејството, и уште поважно, таа донесе разноликост и стана прва жена од мешана раса која се омажи во кралското семејство.

 

Но, додека кралицата Елизабета можеби била "воодушевена" да ја чуе веста дека Маркл е бремена, една од нејзините внуки, наводно, имала многу поинаква реакција.

 

Принцезата Јуџин, ќерка на вториот син на кралицата, принцот Ендру, наводно била многу бесна по откривањето на веста за бременоста на Маркл, и еве зошто.

 

Неа, не ја разлутила самата вест, туку лошиот тајминг на соопштување. Поранешната ѕвезда на "Парови", Меган Маркл, наводно, одлучила да ја соопшти веста за бременоста, токму во средината на свадбата на Јуџин со Џек Бруксбанк, кој работи како европски бренд менаџер за Касамигос Текила.

 

Големиот ден на принцезата веќе беше обележан со обвиненија дека нејзината свадба е губење на парите на граѓаните кои плаќаат данок (цената, наводно, изнесувала околу 3 милиони долари), но откривањето на бременоста наводно "ја прелило чашата".

 

Јуџин исчезна по некое време откако Хари и Меган им ја соопштија веста на кралското семејство", изјави извор за британското Радио Радар. "Се почувствуваа бесни поради тоа што Хари и Механ повторно беа главни."

 

Инсајдерот тврди дека принцезата била толку лута што веднаш ја напуштила просторијата по соопштувањето на веста на Маркел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.