Брускети од карфиол

Доколку сакате да го соберете целото семејство на едно место и да ги изненадите, направете брзи и лесни брускети со карфиол.

 

Потребно е:


1 поголем карфиол (околу 600 гр)
2 лажици маслиново масло
1 чешне лук
малку сол
200 гр кашкавал (полутврд)
2 лажичиња мелена црвена пиперка
шарен бибер
3 млади кромидчиња
песто од суви домати

 

Подготовка:


– Карфиолот исечете го на листови како шницли со дебелина околу 1 см. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење.

– Во еден сад измешајте ги маслиновото масло, стиснатиот лук, црвената пиперка, солта. Со четкичка со оваа мешавина премачкајте ги парчињата карфиол.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 10 минути. Потоа превртете ги и печете ги уште 10 минути.

– на уште врелите парчиња карфиол ставете од изренданиот кашкавал, посипете со ситно сецканио млад кромид и ставете по 1 лажица од пестото од суви домати.

– Послужете ги топли.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.