Баба по мајка- зошто ни го одбележала детството и не сака повеќе од другата баба?

Помеѓу внучето и бабата по мајчина страна, покрај љубов и внимание постојат уште неколку посебни врски.

 

Ако сте имале среќа да растете покрај својата баба, веројатно вашите спомени од детството се полни со емоции поврзани со уживање и сигурност.

 

Со сета почит кон бабата по таткова линија, но дали некогаш ви паднало на памет дека постои биолошка разлика помеѓу неа и бабата од мајчина страна? Ако може да им се верува на научниците, помеѓу внучето и бабата од мајка, покрај љубов и внимание постојат уште неколку посебни врски.

 

Неоспорна генетика

 

Генетичарите велат дека внуците со бабите и дедовците делат во просек 25 отсто ДНК. Гените ги наследуваме и од бабите и дедовците, но најмногу од бабата по мајчина страна, тврдат научниците, бидејќи нивните гени имаат поголемо влијание на потомството. Научниците веруваат дека тоа е поради „поврзаноста по хромозомот X“. Имено, бабата по мајка на децата им пренесува 25 отсто хромозом X, без разлика на полот на детето, додека бабата по татко пренесува еден X хромозом на женските внуци, додека на машките не постои пренос на X хромозом.

 

Што тука пречи во односот на внуците со родителите на таткото?

 

Постојат повеќе теории, но најголем број научници веруваат дека во прашање е „татковата неизвеснот“, односно мајката на детето и нејзината мајка се 100 проценти сигурни дека одгледуваат свое дете, додека татковцит и нивните семејства, во тоа потсвесно не се секогаш сигурни, бидејќи тие не се страната која учествува во раѓањето.

 

Сосема посебна блискост

 

Бабите по мајка се поблиски со внуците, веруваат научниците. Во многу семејства, токму бабата по мајка носи најголема одговорност за децата и најмногу време поминува со нив. Вложува во нив и најмногу се грижи за воспитувањето нивно, за разлика од бабата по татко.

 

Единствена улога

 

Една чилеанска студија покажала дека од сите четири родители на нашите родители, внуците се најприврзани со бабата по мајка, бидејќи гените „прескокнуваат“ една генерација (мајката и таткото), па можеби токму поради тоа многу подобро се согласуваат со бабата и дедото, отколку со мајката и таткото.

 

Дали се согласувате со тврдењето на научниците? Какво е вашето искуство?





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.