Ги одбивате мажите а не сте ни свесни! Совети за првиот состанок

Иако можеби не се состанувате со сродната душа, постојат одредени грешки на кои треба да внимавате кога одите на прв состанок со партнерот.

 

Еве некои од најчестите грешки кои ги прават девојките на првиот состанок.

 

Очекувате тој да плати

 

Иако тоа е сосема во ред, и многу џентламенски, немојте тоа веднаш да го барате. Понудете се да ја поделите сметката, бидете кул.

 

Зборувате само за себe

 

 Можеби и нервозата има своја заслуга за тоа, но обидете се да се опуштите и дозволете му и тој да ви каже нешто за себе. Задржете се на некои лесни теми, и слушнете што има да ви каже партнерот.

 

Го споменувате поранешното момче

 

Ни во добро ниту во лошо издание немојте да го претставувате поранешното момче. Со причина се наоѓа во вашето минато, и таму нека остане.

 

Постојано користите мобилен телефон

 

Со тоа јасно ќе му порачате: „Не сум заинтересирана, имам чувство како саатот да стои во место и едвај чекам да си одам дома“. Дури и да не сте на состанок од соништата, покажете почит и немојте време да гледате во мобилниот. Наместо тоа обидете се да го направите разговорот подинамичен.

 

Ја преминувате границата

 

Можеби се чувствувате како да се познавате цел живот, но сепак треба да останете дама. Бидете мистериозна и не му дозволувајте премногу. Иако можеби имате чувство дека по познавате, сепак можеби се работи за „волк во јагнешка кожа“.

 

Премногу испитувате

 

Немојте да навлегувате во интима и чувствителни теми. Сепак, вие сте само познаници и можеби ќе му биде непријатно на партнерот да зборува со вас за приватни проблеми.

 

Се однесувате како ледена кралица

 

Иако мала доза на мистериозност е пожелна, немојте да играте игри. Игнорирањето и лажната незаинтересираност нема да ве доведе на патот на кој сакате да одите со него.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.