Чоколадото комбинирајте го со овој намирник, и ќе доживеете длабока старост

Чоколадото, кафето и чајот содржат антиоксиданти полифенол, кои спречуваат оштетување на ќелиите.

 

Кога таа компонента ќе се активира, тогаш заштитува од гасот кој како „отпад“ го произведуваат ќелиите. Тој гас може да ја оштети вашата ДНК и да доведе до оксидативен стрес, кој го забрзува стареењето, пренесува Дејли Меил.

 

Исто така се поврзува и со воспаление кои го предизвикува ракот и дегенеративни болести како Алцхајмер. Полифенолите, сами не можат да го победат овој штетен гас, но кога се комбинираат со цинк, создаваат таканаречен мега комплекс.

 

Експертите истакнуваат дека цинкот како суплемент е многу побезбеден од бакарот, односно може да се толерира и во поголеми дози, кога единствено може да доведе до евентуални мачнини или промени на вкусот.

 

Посебно се советува цинкот да се конзумира со намирници кои содржат полифеноли, кои најмногу ги содржи црвеното месо.

 

Тоа што би требало да го избегнувате е алкохол кој го уништува ефектот на цинкот, што значи дека ако сакате да пиете вино, би требало да изберете безалкохолно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.