Посни кифли, идеални за посните слави (рецепт)

Рецепт за кифли, кои ќе го обожавате, и секогаш ќе ги правите.

 

Состојки:

 

500 гр брашно

280 гр вода

20 гр зејтин

20 гр квасец

15 гр шеќер

10 гр сол

60 гр посен маргарин за премачкување

60 гр посен маргарин за готвење

 

 

Начин на подготовка:

 

Растопете го квасецот во малку вода, и оставете го да отстои. Од брашното извадете 4 лажици, за подоцна, додајте шеќер и сол, и промешајте.

 

Во сувите состојки додајте го растопениот квасец и остатокот вода и зејтин, и сето тоа соединете го со рака без додавање брашно. Откако ќе направите лепливо тесто, постепено додавајте една по една лажица, од претходно изваденото брашно, додека не добиете мека смеса.

 

Тестото префрлето го на работната површина наросена со брашно и размесете го. Формирајте топкчиња од тесто и оставете ги 45 минути на топло, да отстојат. Поделете го тестото на три дела, и оставете го да отстои уште 10 минути.

 

Размесете го тестото со големина на пречник 26 см, па кругот премачкајте го со маргарин. Секој круг поделете го на 12 делови, и од секој дел формирајте кифличка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.