Еве што им се случува на твојот мозок и душа, секогаш кога ќе и се развикаш на својата мајка

Најголемите болести настануваат затоа што душата е болна, а неа не ја лечи ниту психијатар ниту медицина.

 

Кога телото е мрзливо, тоа е по твоја желба, бидејќи на твоето тело, ТИ можеш да му кажеш да стане, да работи, да вежба... Со телото сме во овој, сегашен момент, и со нашето тело не можеме да се вратиме во минатото, ниту да отидеме во иднината, но со духот можеме.

 

Можеме да кажеме дека за десет години, ќе бидеме нешто што сакаме да бидеме, и да се стремиме да го исполниме тоа. Духовната помош, е помош за тебе, а не за Господ, духовниот учител, за наставникот... тоа е помош за тебе, да бидеш чесен, успешен, врвен човек.

 

Духовната обнова, е обнова на твојата совест. А што е совеста? Таа е како твој добар пријател, како полицаецот кој те предупредува да не возиш пребрзо за да не загинеш. Совеста ти вели: не смееш да пцуеш, да озборуваш, да не бидеш безобразен кон родителите, да не бидеш мрзлив, да се разбудиш на време... тоа е совест, и ако ја слушаш совеста е добро за тебе.

 

Совеста ти вели: денеска охрабри некого, кажувај убави работи- кога го правиш тоа, целото твое тело оздравува. Науката за духовната обнова вели: Секоја твоја негативна мисла, секоја твоја пцовка, озборување и мрморење ги убива ќелиите на твоите мозок и тело.

 

Значи, секогаш кога мислиш негативно- не можам, не сакам... ги убиваш ќелиите на својот мозок и стануваш неспособен и мрзлив. Сети се на тоа кога на својата мајка ќе и кажеш некој лош збор, сети се на тоа кога ќе го опцуеш колегата, нема да можеш да го погледнеш во очи, а нема да те погледне ниту тој тебе бидејќи си лош човек.

 

А кога си лош, никој не те сака. Совеста е орган кој ни зборува: Човеку, ако сакаш да бидеш среќен, зборувај убави работи, наместо да пцуеш, благословувај ги луѓето, никогаш не вели дека не можеш, туку дека можеш и сакаш.

 

Само така твоите зборови ќе и кажат на твојата потсвест дека си способен и спремен да направиш се што сакаш.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.