4 причини за раскинување на врска!!! Парите и неверството не се меѓу нив

Иако големиот број истражувања тврдат дека парите и неверството се најголема причина за раскинувањето на голем број љубовни врски, се чини дека има уште нешто покрај тоа.

 

Ќе наведеме четири големи причини за раскинување, до кои дошле истражувачите.

 

Лоша комуникација

 

Кога не се слушате меѓусебно, туку само се обвинувате, на тој начин никогаш не ги решавате проблемите целосно. Мислите дека партнерот може да ви ги чита мислите, и дека во кавгата некој мора да излезе како победник. Престанете со овие лоши навики и најдете компромис, бидејќи само така ќе ја зачувате врската.

 

Лоша забава

 

Ако под поимот „заедничко време“ го сметате лежењето во кревет, кога секој се забавува на својот лаптоп, или телефон, тогаш сте во заблуда. Сетете се на сите забавни работи кои сте ги правеле порано, и повторно доживејте ги тие моменти.

 

Недостаток на време

 

Паровите мораат да пронајдат време за себе, иако тоа понекогаш е тешко поради бројните обврски кои ги имаат. Вечерајте заедно, ако не сте успеале поради обврски заедно да ручате. Вежбајте заедно, прошетајте или излезете со пријателите. Ако сакате да останете заедно, тогаш морате да имате некои мали ритуали кои ќе ве поврзуваат.

 

Нереални очекувања

 

Често на жените им се забележува дека имаат високи стандарди кога се мажите во прашање. Едно е сигурно, сите мораме да сфатиме дека никој не е совршен. Партнерот може да се промени поради вас, но не во целост, а вие и не можете тоа да го барате од него. Мора да научите да го прифатите со сите негови доблести и мани, а и да бидете свесни дека и вие исто така имате маани, кои вашиот партнер ќе се потруди да ги толерира.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.