Која фризура ќе биде тренд во 2019 година?

Ако оваа сезона сакате да промените нешто на себе, тоа нека биде фризурата.

 

Сигурно многу пати сте ја слушнале реченицата ,,Нова година и нова јас”. Во 2018 година се носеа фризури со средна должина, пикси фризура и залижана коса.

 

Во 2019 година не очекуваат некои нови и доста интересни трендови кои ќе одговараат за сечииј вкус. Експертите во оваа област советуваат да бидете слободни и да експериментирате со фризурите.

 

Ако во 2018 година беа актуелни традиционалните тонови во боја од карамела, во 2019 година акцентот ќе биде ставен на сребрените тонови. Боб фризурата беше актуелна минатата година, ќе биде и оваа но со должина до брадата. Стилистите велат дека оваа должина е идеална за оние кои не сакаат многу кратка коса. За боб фризурата важно е да се напомене дека треба да биде со сребрени тонови.

 

Во оваа сезона треба да им кажете збогум на топлите руси тонови, бидејќи тие не се повеќе во мода, туку ќе се носат сребрено бели тонови. За љубителите на црвената боја, имаме добра вест. Бројните светски ѕвезди го одбраа токму овој тренд и со гордост ги носат црвените фризури. Кога ќе сакате да ја соберите косата, никако немојте да носите коњско опавче, бидејќи тоа не е повеќе во тренд.

 

Наместо него сега се носат опуштени и неуредни пунџи. За омбре фризурата стилистите велат дека не е повеќе во мода, наместо тоа ќе се носи балајаж во топли тонови на мед. Девојките со кадрава коса, можат да носат фризура каква што носеле светските топ модели, а тоа се природно бујните кадрици.

 

Тие ќе бидат еден од најмасовните трендови во 2019 година. Ние ви дадовме неколку идеи за совршена модерна фризура а изборот е ваш каква фризура ќе носите оваа година.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.