Карамел коцки со ф’стаци (рецепт)

Уживајте во овие карамел залачиња …

 

Потребно е:


за тестото:


200 г брашно
1/2 лажиче сода бикарбона
1/2 лажиче цимет
1 лажиче изрендана кора од лимон
1 јајце
80 г омекната свинска маст
80 г шеќер

 

за карамелот:


190 г путер
1 лименка кондензирано млеко
110 г шеќер
90 г ф’стаци
140 г лешници

 

Подготовка:


– Прво подгответе го тестото. Во еден сад помешајте ги маста со шеќерот, па додадете го јајцето, циметот, кората од лимон и постепено додавајте го брашното помешано со сода бикарбоната. Замесете тесто. Оставете го да се одмори 15-тина минути во фрижидер.

 

– Ставете го во тава (21х34 см) обложена со хартија за печење и распредете го рамномерно со дебелина од околу 1 см. Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути. Оставете да се излади.

 

– Во меѓувреме  преминете на подготовка на карамелот. Кондензираното место помешајте го со шеќерот и путерот и ставете го да се вари 8 минути додека не се растопат шеќерот и путерот во него. Во врелото млеко додадете ги лешниците и ф’стаците.

 

– Карамел кремот нанесете го рамномерно на тестото. Тавата ставете ја во фрижидер додека да се стегне убаво карамел кремот.

 

– Извадете ја тавата од фрижидер и пресечете го колачот во облик на коцки или правоаголници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.