Човекот може да почине од самото губење волја за живот

Според едно ново истражување на Универзитетот од Портсмут, човекот може да почине и од самото губење волја за живот, појава позната како „болест на откажување" или со медицински речник – психогена смрт.

 

Истражувачкиот тим предводен од д-р Џон Лич посочува дека таа состојба е последица од траума што за лицето се чини неизбежна, а смртта притоа е „рационална и неизбежна појава", но не како самоубиство.

 

– Смртта може да се случи и само три дена по почетното повлекување во себе… Психогената смрт е реалност. Тоа не е самоубиство и не е поврзано со депресија. Тоа е едноставно откажување од својот живот и смртта обично следи по неколку дена. Тоа е многу реална состојба најчесто поврзана со тешки трауми, исакнува Лич.

 

Научникот смета дека тоа веројатно е предизвикано од промени во сингуларниот кортекс на мозокот, одговорен за мотивацијата кај човекот. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.