Дознајте што открива бојата на вашите очи за вас

Бојата на очите е една од особините која ја наследуваме од своите роднини.

 

 

Покрај тоа што не разубавува, бојата на очите открива и особини за нашиот карактер. Продолжете да читате и дознајте што открива за вас, бојата на вашите очи.

 

Кафени очи

 

Кафената е најчеста боја на очи на светот. Луѓето со кафени очи се самоуверени и интересни. Станува збор за силна боја која е поврзана со земјата и опишува едноставност, креативност и позитивност. Таквите луѓе се независни и љубезни и сакаат да се дружат и да создаваат нови пријателства. Сакаат да пробуваат нови работи во животот. Иако се одлучни и самоуверени понекогаш имат проблем да ги искажат своите чувства.

 

Очи со боја на лешник

 

Бојата на лешник ја опишува прекрасната мешавина на кафена и зелена боја, која едноставно го одзема здивот. Зборот кој најдобро ги опишува овие луѓе е елеганција. Станува збор за спонтани и забавни луѓе со авантуристички дух. Многу се прилагодливи и храбри, сакаат разновидност, а монотонијата е нивна ноќна мора. Сакаат да испробуваат нови работи, а и многу се привлечни. Кога е љубовта во прашање, многу се сензуални но и пребирливи, па тешко можат да ја најдат „вистинската личност“. Имаат и една негативна особина, а тоа е променливото расположение и избувливост, која тешко ја контролираат.

 

Зелени очи

 

Зелените очи секогаш изгледаат свежо и заводливо. Луѓето со оваа боја на очи се мистериозни и интригантни. Нив ги краси интелигенција и снаодливост, затоа обожаваат да пробуваат нови работи. Максимално уживаат во животот и стравствено и пристапуваат на работата која ги исполнува. Многу се убави, а единствена маана им е љубомората што многу тешко ја држат под контрола. Полни се со енергија и сочувство, што можат да го почувствуваат и другите околу нив.

 

Сини очи

 

Има нешто многу моќно кај сините очи, нешто што привлекува како магнет. Токму поради тоа, сините очи се сметаат за најпожелни на светот. Луѓето кои ги краси оваа боја на очи се паметни, срдечни и полни со младост и живот. Таквите луѓе уживаат во љубовта, најчесто имаат долги врски и полни се со енергија. Најсилната нивна особина им е желбата и потребата да ги направат среќни сите кои ги сакаат. Синооките луѓе го забележуваат секој детаљ и понекогаш можат да бидат и малку критични. Тие уживаат во љубовта и долгите врски, а дури се сметаат и за најискрени и најверни партнери. Кога ќе се заљубат за својата љубов се подготвени да направат баш се.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.