„Метално проширување" на камена куќичка од 19. век

Студиото Истабрук Аркитектс, со седиште во Глостер, го заврши проширувањето на камена куќичка од 19 век во Коцволд, Велика Британија.

 

Проширувањето првенствено значи поголема кујна и трпезарија, како и дополнителна спална и туш кај мезанинот. Обложен целосно во ребрести метални панели, камениот екстериер одговара на изворниот изглед на „колипката", само е малку одвоен од камената конструкција.

 

– Внатрешниот изглед на куќата е намерно минималистички, за да го одрази едноставниот изглед на колипка. Сакавме да го нагласиме контрастот со куќа од 19. век, наменета за земјоделците, рече сопственикот на престојувалиштето.

 

Структурата користи панели со дрвена изолација, а брановидните метални обвивки имаат гарантен рок од најмалку 30 години, без потреба од повторно фарбање.

 

Температурната изолација на објектот, исто така, е предвидена за да обезбеди пониски трошоци за греење. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.