Ни Кејт Мидлтон не им одолеа на овие чизми

Откако Меган Маркл се наметна како нова модна икона од кралскиот дворец, се чини дека и Кејт Мидлтон одлучила да го осовремени својот моден стил, па во последно време изгледа подобро од кога било.

 

Војвотката при нејзината посета на градинката  King Henry’s Walk, во Лондон избрала стајлинг во кој сите ги воодушевила. За оваа прилика таа избрала опуштен стајлинг кој одлично и стои и ја покажува нејзината витка линија и после три родени деца.

 

Згодната сопруга на принцот Вилијам со кој е во складен брак уште од 2011 година, искомбинирала кратка јакна од ирскиот бренд Дабари, со тесни сивозелени фармерки и апсолутниот хит за оваа сезона, комбат чизми на врзување кои одлично се вклопиле во овој шармантен дневен изглед.

 

Кејт во еден момент со децата подготвувала тесто за пица, и си поминала незаборавно време со децата кои се израдувале на нејзината посета во градинката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.