Сладок крем од тиква

Во сезона кога тиквата ја има во изобилство, ова е одличен рецепт кој брзо се подготвув, а покрај тоа и не е скап.

 

Подготовката на овој вкусен и декоративен крем од тиква е многу едноставна …

Потребно е:


200 г пире од печена тиква


100 мл сок од портокал


изрендана кора од 1 портокал


2 г желатин


300 мл слатка павлака


2 лажици мед


цимет во прав


гранола, за посипување

Подготовка:


– Сокот од портокал загрејте го и во него растопете го желатинот. Додадете го пирето од тиква, медот и циметот. Оставете го да се излади.

– Одвоите малку од смесата и тргнете ја на страна.

– Изматете ја слатката павлака и постепено додадете ја во изладената смеса.

– Добиениот крем распоредете го во чаши за сервирање и тоа прво ставете од делот што го одвоивте без слатка павлака (тоа е  потемниот долен дел што се гледа во чашите), а потоа тој со слатката павлака и ставете ги во фрижидер да се изладат убаво.

– Пред да го послужите кремот одозгора посипете со гранола или пак со препечени ливчиња бадеми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.